САД

Автомобил се забил во капијата на ФБИ

02.04.2024 09:05

Возилото удрило во капијата по што возачот потоа се обидел насилно да влезе во зградата...

Непознат возач удрил во капијата на седиштето на федералното биро за истраги во Атланта, во американската држава Џорџија-соопшти ФБИ. Возилото удрило во капијата по што возачот потоа се обидел насилно да влезе во зградата.

Полицијата соопшти дека го привела и го утврдува неговиот идентитет и мотив за инцидентот во кој нема повредени.