јапонија
Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Јапонија
02.04.2024 09:11
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 23 километри од Ичинохе и 37 километри североисточно од Хачинохе. Земјотресот е регистриран на длабочина од 59 километри.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 23 километри од Ичинохе и 37 километри североисточно од Хачинохе. Земјотресот е регистриран на длабочина од 59 километри.
Две жени се полесно повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ги погоди префектурите Ивате и Аомори во северна Јапонија.
Агенцијата предупреди дека земјотреси со слична јачина може да се повторат во следната недела.
