Економското будење на ЈИЕ во фокусот на Регионалниот совет за соработка во Букурешт
Се забележува дека македонската економија не ја почувствувала глобалната криза, поради намалувањето на невработеноста низ големиот број странски инвестиции, но и економско- правни реформи...

Во Букурешт се одржува состанок на Регионалниот совет за соработка на кој е присутна и македонска делегација. На средбата ќе се разгледува Стратегијата за економски раст на регионот до 2020. Претставени се 47 земји и институции од Европа.
Економското будење на Југоисточна Европа е главна тема на Регионалниот совет за соработка кој се одржува денеска во Букурешт, Романија. Во фокусот се отварањето на нови работни места и просперитетот. За таа цел во 2011-тата беше подготвен документ- Стратегија 2020 што ги опфаќа сите земји, меѓу кои и Македонија.
Инаку, во извештајот на Регионалниот совет за соработка со кој претседава поранешниот српски шеф на дипломатијата, Горан Свилановиќ, за нашата земја се забележува дека македонската економија не ја почувствувала глобалната криза, поради намалувањето на невработеноста низ големиот број странски инвестиции, но и економско- правни реформи.
На конференцијата присуствува и Кристијан Даниелсон, директорот за проширување при Европската комисија, кој нагласи дека сите земји во 2015 година ќе треба да подготват план за економски реформи, за поефикансо приклучување на економиите на земјите- членки на Европската унија.
Зоран Богатинов, специјален известувач за МРТ од Букурешт
