Полска

Пет жртви во невремето со силни ветрови што ја зафати Полска

02.04.2024 09:11

Пожарникарите интервенирале 140 пати за да ги расчистат остатоците по улиците и да им помогнат на сопствениците на куќи со уништените покриви...

Пет лица загинаа во невремето во Полска, меѓу нив и две деца. Дрвја паднале врз нив по силните ветрови со јачина над 150 километри на час. Пожарникарите интервенирале 140 пати за да ги расчистат остатоците по улиците и да им помогнат на сопствениците на куќи со уништените покриви.

Невремето на југот од земјата доаѓа по три дена невообичаено топло време.