Финска
Пукање во училиште во Финска, има повредени
02.04.2024 10:05
Пукањето се случило во основно училиште во Вантаа, предградие на главниот град Хелсинки, каде учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение ...

Неколку лица се повредени во пукање во училиште во Финска утрово.
Осомничениот е уапсен во брза полициска акција, се наведува во соопштението на финската полиција. Пукањето се случило во основно училиште во Вантаа, предградие на главниот град Хелсинки, каде учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение.
Полицијата е на самото место и врши увид, стои со соопштението од финската полиција.
