Охрид меѓу десетте најубави места на Балканот
19.06.2014 11:10
Охрид секоја година го посетуваат се поголем број туристи, а Охридското езеро по многу нешта е единствено во светот...

Македонскиот бисер Охрид се најде меѓу десетте најубави места на Балканскиот полуостров на листата на порталот Еarth travelig.
Регионот нуди одлични можности за запознавање на историјата, локалната и традиционалната храна, авантури и прекрасна природа што ретко може да се најде ширум светот, пренесува порталот.
Охрид секоја година го посетуваат се поголем број туристи, а Охридското езеро по многу нешта е единствено во светот. Тоа е седмо најдлабоко езеро во Европа и е број еден туристичка дестинација во Македонија.
