Финска
Повредени деца при пукање во училиште во Финска
02.04.2024 11:22
Три деца на возраст од 13 години се ранети во пукање во училиште во финскиот град Ванта, близу Хелсинки...

Три деца на возраст од 13 години се ранети во пукање во училиште во финскиот град Ванта, близу Хелсинки. Полицијата веднаш реагирала на пукањето и го уапсила осомничениот, кој исто така е 13-годишен тинејџер.
Се испитуваат мотивите за нападот кој се случува непосредно по велигденскиот распуст. Очевидците велат дека две амбулантни возила го напуштиле местото на инцидентот на кој се собрале загрижените родители.
