Македонија

Одложено судењето против кумановскиот градоначалник

02.04.2024 12:10

Поради измена на обвинителниот предмет, е одложено првото рочиште во кумановскиот суд против градоначалникот Максим Димитриевски, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување ...

Поради измена на обвинителниот предмет, необезбедени процесни гараници, доцно доставување на доказите, е одложено првото рочиште во кумановскиот суд против градоначалникот Максим Димитриевски, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинението го започнаа две правни лица, а случајот се однесува за изградба на станбени единици. Подносителите тврдат дека се оштетени за околу 2 милиони евра. Димитриевски смета дека случајот е монтиран, во пресрет на изборите.

Наредното рочиште е закажано за 30-ти месецов.