Ден на правосудство

Недовербата од власта се пренасочува кон судството, тврди Саити

02.04.2024 12:46

Со политички инженеринг недовербата од власта се пренасочува кон судството – тврди претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити. На Денот на правосудството се одржа годишна конференција посветена на квалитетното правораздавање како предуслов за обнова на јавната доверба...

Се погласен е ставот дека за недовербата во правосудниот систем одговорноста ја сносат неколкумина. Советот за етика ги детектира прекршувањата, но за разлика од порано кога повредата на кодексот бил основ за разрешување, сега е сведено на морален суд. Претседателот на здружението на судии, Саити вели јавноста ја изградила недовербата во системот поради јавните постапки кои се водеа од СЈО и граѓанските постапки каде секогаш има незадоволни, но прстот го впери и во законодавната и во извршната власт.

Од највисоките позиции во Врховниот суд и Судскиот совет се до колегите судии се апелираше за решителност во отфрлањето на притисоците и влијанијата од разни центри заради вистинско правораздавање и враќање на довербата во судството. Интегритетот, беше речено е главното оружје во добивањето на оваа војна.

Годишната конференција на Денот на правосудството е посветена на квалитетното правораздавање како предуслов за обнова на јавната доверба. На неа се обрати и заменик шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса. Таа порача дека за да им се стави крај на политизираните одлуки треба час поскоро да се изборат за фер и транспарентни постапки.

 

Фиљана Кока