УХМР

До крајот на неделава сончево и топло

02.04.2024 12:47

Од сабота температурите ќе бидат во пораст, соопшти УХМР...

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од сабота температурите ќе бидат во пораст, соопшти УХМР.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 2 до 11, а масксималните дневни ќе достигнат 29 степени.