Здравство

ЦЈЗ пријави епидемија на голема кашлица во Куманово

02.04.2024 13:13

По Скопје и во Куманово се заканува епидемија на голема кашлица. Центарот за јавно здравје Куманово пријави епидемија на пертусис до Институтот...

По Скопје и во Куманово се заканува епидемија на голема кашлица. Центарот за јавно здравје Куманово пријави епидемија на пертусис до Институтот. Во оваа општина бројот на заболени се искачи на 23. Од североистокот по еден случај е регистриран и во Липково, Кратово и Крива Паланка. Известува Елена Георгиевска.