Избори 2024
До полноќ доставување на пратеничките листи во ДИК
02.04.2024 13:13
ДИК денеска треба да го заклучи и избирачкиот список за претседателските и за парламентарните избори...

Најдоцна до полноќ, политичките партии и коалициите, треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија за изборите на 8-ми мај. ДИК денеска треба да го заклучи и избирачкиот список за претседателските и за парламентарните избори. Известува Миле Ристески.
