Протест

Протест на ССМ, бараат да им се врати Работничкиот дом

02.04.2024 14:23

Протест на Сојузот на синдикати пред Врховниот суд. Бараат Работничкиот дом да им се врати на работниците ...

Сојузот на синдикатите протестираше пред Врховниот суд. Бара со нова пресуда да им го вратат Работничкиот дом. Велат ќе ги користат сите механизми.

ССМ има испратено барање и до Уставниот суд, бидејќи велат, Врховниот суд не ја почитувал одлуката донесена во 1992 година во која се кажува дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.

На 9 -ти ноември лани беше донесена пресуда со која овој објект му се одзема на ССМ.

Тогаш раководството побара оставка од судиите кои ја донеле одлуката и поднеле предлог за нивно разрешување до Судскиот совет. Синдикалците најавуваат жешка пролет.

На 8-ми април повторно ќе одржат протест за усогласување на платите со минималната плата на пола администрација, која го нема тоа право и масовен протест на први мај.

 

 

Александра Велинова