Љубовта кон фудбалот- поголема од хендикепот

19.06.2014 11:27

Чичко Киро, коментира како професионален спортски коментатор иако шеесетина години нема одгледано ниту еден спортски настан. Суровоста на животот ја почуствувал многу рано кога болеста му го одземала видот...

Киро Димитриовски од Велес никогаш не следел фудбалски натпревар во живо, но многу успешно и веродостојно ги коментира сите натпревари. Фудбалот му е во душата, а вистинска среќа за него е токму овој Мундијал, кога по три до четири натпревари може да си ги коментира на својот специфичен начин.

„Опа го оборија еден  фудбалер на Алжир, пенал, пенал почитувани слушатели , почитувани гледачи на МРТ пенал за Алжир.Топката ја наместува играш на Алжир, шуттт, голллл, еден нула за Алжир“, коментира Киро Димитриовски.

Чичко Киро, коментира како професионален спортски коментатор иако шеесетина години нема одгледано ниту еден спортски настан. Суровоста на животот ја почуствувал многу рано кога болеста му го одземала видот. Но споменот за одиграните малски фидбалски натпревари му овозможуваат денес слушајки ги коментаторите во своите мисли да си создава слика. Очекува да Мундијалот да победи неговиот фаворит.

„Четири еден за Холандија. Почитувани слушатели сите викаат дека Шпанија ќе тепа ама јас навивам за Холандија и мојата прогноза е дека Холандија ќе го освои првото место“, коментира  Димитриовски.

Љубовта кон спортот за чичко Киро била поголема од хендикепот. И денес ги чува тропалките кои тој и пријателите ги врзувале на топката за да можат барем за миг под своите нозе да ја почуствуваат фудбалската магија.

„Јас сум најконтраверзниот репортер во светот“,  вели чичко Киро за кој ова лето ја има бојата на Бразил, оти преку фудбалот ја замислува и бразилската убавина и популарнат самба.

 

Дијана Иванова