Граничен премин

Товарниот сообраќај кон Грција блокиран – штрајк на грчките цариници

02.04.2024 16:06

Товарниот сообраќај кон Грција блокиран на сите три гранични премини. Грчките цариници штрајкуваат. Одвреме навреме се пропуштаат патнички возила откако пред грчката граница ќе се создадат колони...

Заради штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај кон соседна Грција денеска беше целосно затворен на трите гранични премини, Евзони, Дојрани и Ники.

На Евзони денеска се пропуштаа наизменично патнички моторни возила, но мораше да се чека најмалку еден час. Македонците беа информирани за штрајкот на грчките цариници, што не може да се каже за странците кои транзитираа преку Македонија за Грција.

Најмалку 20-тина камиони чекаа за влез во соседна Грција. Според протоколот за работа се пропуштаа само возилата со леснорасиплива стока.

Според првичните информации, цариниците во Грција штрајкуваат заради повисоки плати и дополнителни бенефиции, за што поддршка добија и од Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција.

Штрајкот, грчките цариници, кој е предупредувачки за тамошните власти, го почнаа на полноќ и ќе трае до утревечер до 24 часот.

 

Ване Трајков