Србија

Продолжува потрагата по двегодишната Данка, првпат се огласи мајката

02.04.2024 16:28

Се проверуваат снимки од гранични премини, а австриската полиција трага по романките, снимени со девојче кое личи на Данка...

Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ, што исчезна во Бањско Поле, кај Бор. Се проверуваат снимки од гранични премини, а австриската полиција трага по романките, снимени со девојче кое личи на Данка.

Српската полиција соопшти дека се проверуваат сите факти и сите лица. Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, за првпат проговори за српските медиуми. Вели дека ја болат сите обвинувања на нејзина сметка, но нема да коментира.

За потрагата по Данка, Интерпол вчера отвори жолта потерница.