ТУРЦИЈА

Расте бројот на жртви по пожар во ноќен клуб во Истанбул

02.04.2024 20:28

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од експлозија, но локалот бил затворен поради реновирање...

Расте бројот на жртви по пожарот во ноќен клуб во Истанбул. Властите велат дека пламените јазици од клубот зафатиле зграда од 16 ката.

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од експлозија, но локалот бил затворен поради реновирање. Новиот градоначалник на Истанбул, Имамоглу, вели дека се работи за незаконска интервенција, бидејќи не е пријавено реновирање на клубот.

Министерот за внатрешни работи потврди дека е отворена истрага. Поднесено е обвинение за петмина осомничени.