Села тврди го добил спорот, Таравари не е известен
Основниот суд Тетово одлучи Алијансата за Албанците да припадне на таборот на Зијадин Села. Со ваквата одлука ова крило ги добива печатите на партијата. Од крилото на Арбен Таравари информираа дека за одлуката не добиле официјална потврда...

Основниот суд Тетово одлучи Алијансата за Албанците да припадне на таборот на Зијадин Села. Со ваквата одлука ова крило ги добива печатите на партијата.
„Основниот суд во Тетово одлучи дека нашето барање за регистрација на Зиадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. Со оваа одлука се известени сите странки и сега и официјално претседател на АА е Зиадин Села“, велат од таборот на Зијадин Села
Од крилото на Арбен Таравари информираа дека за одлуката не добиле официјална потврда.
Таравари минатата недела се пожали дека Основниот суд во Тетово трпел постојани притисоци со цел да се донесе одлука во полза на Села. Според него, биле сменети тројца судии кои го воделе предметот за регистрација на партијата. Попладнево пак на социјалните мрежи напиша дека за нив најважни се одлуките на народот.
„Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ. И да е вистина, ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање, што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, напиша Арбен Таравари на Фејсбук.
Поделбата во партијата, започна откако Таравари објави дека на изборите ќе настапи заедно со опозиционите партии на Албанците. Ваквиот став наиде на остра критика на Села, кој рече дела одлуките треба да се носат и објавуваат на партиски седници, а не на социјалните мрежи.
Се редеа средби, вонредни конгреси како и многу меѓусебни обвинувања.
Крилото на Таравари одлучи да биде дел од опозицискиот албански фронт „Вреди“, тоа на Села се приклучи на Европскиот фронт предводен од ДУИ
Во Основниот Суд Тетово правната битка траеше речиси два месеци, откако двата табора поднесоа барања за упис на промени во судскиот регистар на политичките партии.
Зоран Димовски
