МНР

Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел

03.04.2024 08:03

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Брисел ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

Како што најавија од Министерството, на состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.