Погрешна проценка е причина за нападот во кој загинаа седум меѓународни хуманитарни работници во Газа
Независно тело ќе спроведе темелна истрага што се очекува да биде завршена во наредните денови...

Началникот на израелската војска вели дека погрешната идентификација довела до напади во кои загинаа седум меѓународни хуманитарни работници во Газа. Независно тело ќе спроведе темелна истрага што се очекува да биде завршена во наредните денови.
„Израелската одбрана го заврши прелиминарниот преглед. Сакам да бидам многу јасен, нападот не беше спроведен со намера да им наштети на хуманитарните работници. Тоа беше грешка што следеше по погрешна идентификација ноќе, за време на војна, во многу сложени услови. Тоа не требаше да се случи. Ќе продолжиме да преземаме итни активности за да се осигураме дека ќе се направи повеќе за заштита на работниците. Овој инцидент беше голема грешка. Израел е во војна со Хамас, а не со народот во Газа. Жал ни е за ненамерната повреда на членовите на Светската централна кујна“, изјави генерал-полковник Херзи Халеви, воен началник на Израел.
САД го предупредија Иран да не им возвраќа на Израел за нападот врз комплексот на нивната амбасадата во Сирија, велејќи му на Советот за безбедност на ООН дека нема претходно предупредување за нападот, за кој Техеран го обвини сојузникот на Вашингтон – Тел Авив.
