ООН: 10.500 цивилни жртви во војната во Украина
Зеленски вели дека украинската армија одговара на руските напади со напади од поголем дострел...

Украинските сили нападнаа цели длабоко во руска територија со беспилотни летала на оддалеченост од илјада километри со тврдење дека нанеле значителна штета на производствените капацитети „Шахед“ во Татарстан. Локалните власти наведуваат дека технолошкиот процес во компаниите не е нарушен.
Зеленски вели дека украинската армија одговара на руските напади со напади од поголем дострел. Претседателот на Украина го потпиша Законот за намалување на старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години.
Високиот комесаријат за човекови права на ООН, тврди дека повеќе од 10.500 украински цивили се убиени, а повеќе од 20.000 се повредени во војната во Украина.
