МНТ својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма
Средствата од продадените билети од претставите „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски и „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, кои ќе се одиграат на 3 април ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов ...

Македонскиот народен театар (МНТ) својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма. Средствата од продадените билети од претставите „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски и „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, кои ќе се одиграат на 3 април ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.
Како што информираат од МНТ, истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена и документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес.
