Идентификуван осомничениот за грабежот на Поштата на Бит Пазар
19.06.2014 11:47
Полицијата го идентификувала разбојникот и во моментов се врши претрес во неговиот дом...

31 годишен скопјанец е осомничен дека го извршил вчерашниот вооружен грабеж на Поштата на Бит Пазар.
Полицијата го идентификувала разбојникот и во моментов се врши претрес во неговиот дом. Скопјанецот е осомничен дека вчера во 7 наутро, маскиран и вооружен со пиштол влегол во Поштата на Бит Пазар и од вработените успеал да земе 80.000 денари.
Продавниците близу до ограбената Пошта се уште не биле отворени во моментот на грабежот, па тие не можеа да сведочат за настанот.
