МВР

Претрес во Карпош, пронајдена дрога

03.04.2024 10:13

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом ...

Синоќа во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението во МВР.