СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со цврсто гориво

03.04.2024 10:45

Лидерот Ким Јонг Ун го набљудуваше првото пробно лансирање, објави официјалната севернокорејска Централна новинска агенција...

Северна Кореја соопшти дека лансирала нов тип хиперсонична ракета со среден дострел. Лидерот Ким Јонг Ун го набљудуваше првото пробно лансирање, објави официјалната севернокорејска Централна новинска агенција.

Пробното лансирање било извршено на периферијата на Пјонгјанг, а проектилот ја прелетал земјата за да погоди цел во морето источно од Корејскиот полуостров, се вели во извештајот.