ВЕНЕЦУЕЛА

Почина најстариот човек во светот

03.04.2024 10:51

Перез Мора, бил земјоделец, роден во 1909 во Венецуела...

Хуан Висенте Перез Мора, најстариот човек во светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 115-годишна возраст. Перез Мора, бил земјоделец, роден во 1909 во Венецуела.

Титулата за најстар човек на светот ја доби на 4-ти февруари 2022 година со 112 години. Тогаш тој бил татко на 11 деца, 41 внук, 18 правнуци и 12 чукунвнуци.

Веста за смртта ја објави неговото семејство и властите во Венецуела.