УКРАИНА

Зеленски го потпиша Законот за намалување на старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години

03.04.2024 10:58

Ова ќе и овозможи на украинската војска да повика повеќе луѓе во своите редови откако се намали бројот на доброволци...

Претседателот на Украина го потпиша Законот за намалување на старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години. Ова ќе и овозможи на украинската војска да повика повеќе луѓе во своите редови откако се намали бројот на доброволци.

Бројот на Русите пак, кои се приклучуваат на вооружените сили значително се зголеми по смртоносниот напад на концертна сала во близина на Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Повеќе од сто илјади луѓе потпишале договори со војската од почетокот на годината.

На фронтот продолжуваат битките. Високиот комесаријат за човекови права на ООН, тврди дека повеќе од 10.500 украински цивили се убиени, а повеќе од 20.000 се повредени во војната во Украина.