Здравство
Во Скопје регистрирани 312 случаи на голема кашлица, се следи состојбата во Куманово
03.04.2024 11:03
Од Комисијата за заштита од заразни болести ја следат состојбата со голема кашлица и во Куманово, каде има зголемување на бројот случаи. Центарот за јавно здравје Куманово вчера прогласи епидемија на пертусис на ниво на ова подрачје.

Вкупно 312 случаи на голема кашлица се регистрирани во Скопје годинава, информираат од Центарот за јавно здравје.
Од Комисијата за заштита од заразни болести ја следат состојбата со голема кашлица и во Куманово, каде има зголемување на бројот случаи. Центарот за јавно здравје Куманово вчера прогласи епидемија на пертусис на ниво на ова подрачје.
Доколку има потреба од дополнителни мерки, Комисијата за заштита од заразни болести истите ќе ги препорача, нагласуваат оттаму.
