ДИК

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори

03.04.2024 11:15

До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори...

До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај 2024.

Листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај, доставија:

1.СДСМ (Коалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

2.ВМРО- ДПМНЕ (Коалиција Твоја Македонија) - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

3.ЗНАМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

4.РОДИНА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

5.АВАЈА- за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

6.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

7.ТВОЈА ПАРТИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4

8.ГРОМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

9.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

10.ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

11.ДЕМОКРАТИ- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

12.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА- за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

13.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 6

14.Коалиција ВЛЕН - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

15.ЛЕВИЦА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

16.ДЕСНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6

17.НОВА АЛТЕРНАТИВА - за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4

ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон.

Државната изборна комисија проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 ст. 2, 3 и 4 од Изборниот закон, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции, стои во соопштението.