Македонија

МВР: 176 санкции за брзо возење на територија на државата

03.04.2024 11:19

84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.