САД
Торнадо погоди пет сојузни држави во САД
03.04.2024 11:53
Претходно, во Оклахома беше регистриран смртен случај како последица на невремето...

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека Џорџија, Илиноис, Тенеси, Охајо и Кентаки биле погодени од торнадо. Претходно, во Оклахома беше регистриран смртен случај како последица на невремето. Над 250 илјади луѓе останаа без електрична енергија од кои најголем дел во западна Вирџинија. Торнадото урна дрвја и далекуводи во Џорџија.
Метеоролозите најавија можност за неколку торнада, проследени со силен ветер кои би можеле да достигнат ниво на ураган.
