Синдикатите на протест пред Министерството за култура
Синдикатот за култура на Македонија реагираше дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за два отсто. Најавија протести и поднесување на кривични пријави за сите кои ќе изготват решенија за плата со скратени права. Ја повикаа министерката да достави законски упатства за пресметка на плата...

Вработените во институциите на културата со мартовските плати нема да добијат зголемување од 12 проценти туку само 2%, тврдат од синдикатот. Културните работници на мирен протест појаснуваат дека според сите закони на правната држава, им следуваат 10 проценти од општиот колективен договор и покачувањето од растот на минималната плата. Поединци сакаат да се случи преклопување на две засебни права од работен однос кои треба засебно да се применат, велат.
Операцијата множење која е предвидена со колективниот договор за културата, некој сака да ја замени со операција одземање, вели првиот човек на Слободните синдикати на Македонија.
Според министерката за култура, единствената компонента која од оваа плата натаму е менлива, е минималната плата, токму затоа и стои во диспозитивот. Работиме јавно и транспарентно, вели.
Во изработката на ова решение, министерството се консултирало со МТСП, со Државниот инспекторат за труд, службите во Министерството за култура и сите активни чинители, појасни министерката.
Александра Спировска
