Силен земјотрес во Тајван, екипи во потрага по преживеаните
Разурнати згради, оштетени автомобили, уништена патна инфраструктура. Страотни слики пристигнуваат од густо населениот остров Тајпеј кој беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер. Спасувачките екипи во борба за пронаоѓање преживеани под урнатините. Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години, почувствуван и во Кина, Јапонија, на Филипините.

Моќен потрес од 7,4 по Рихтер регистриран на островот Тајван. Од час на час расте бројот на загинати и повредени. Спасувачките екипи во трка со времето за пронаоѓање преживеани под урнатините. Се трага по стотици заробени во станбени згради и подземни тунели. Најголем број срушени згради има во Хуалиен, градот кој се наоѓа во близина до епицентарот на потресот.
Железничкиот и патниот сообраќај се во прекин, а не функционира ниту метрото во Тајпеј. Енергетската компанија „Таипауер“ соопшти дека двете нуклеарни централни не биле погодени од земјотресот, а снабдувањето со електрична енергија на островот полека се обновува.
Стотици луѓе се евакуирани од своите домови. Најсилниот потрес што го погодил островот во последните 25 години е почувствуван и во планинската област, што предизвика масивно лизгање на земјиштето. По силниот земјотрес што се случи во време на утринскиот сообраќаен шпиц, следуваа десетици последователни потреси, од кој еден бил со јачина од 6,5 степени.
„Ние сме во целосна безбедносна готовност. Работиме во полн капацитет. Подготвени сме да се соочиме со ситуацијата. ќе работиме заедно на тоа“, изјави Цаи Инг-Вен, претседател на Тајван.
Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами бранови стигнале до јужната префектура Окинава. Подоцна го укина предупредувањето од цунами.
„Најновите набљудувања, покажуваат дека постои можност за слични земјотреси. затоа ве молам да бидеме внимателни уште една недела. Особено во следните неколку дена, има голема веројатноста од посилен потрес. Ако се случи силен земјотрес под океанот, мора да бидеме внимателни од појавата на цунами“, изјави Шигеки Аоки – јапонска Метеоролошка агенција.
И сеизмолошката агенција на Филипините издаде предупредување за жителите на крајбрежните области, ги повика да се засолнат на повисоките места. Земјотресот е почувствувани во Шангај.
Маја Стојанова
