ХОПС

Убиството на матичниот лекар го отвори прашањето на етичкиот кодекс на здравствените работници

03.04.2024 13:03

Стигмата и дискриминацијата кон одредени групи на граѓани нема да ја унапредат безбедноста на лекарите и другите здравствени работници, реагираат од ХОПС. И тие го осудуваат свирепото убиство на лекарот...

Убиството на матичниот лекар во скопска Железарница го отвори прашањето на етичкиот кодекс на здравствените работници. Граѓанските организации им замерија дека користеле квалификации за етикетирање на пациентите дека меѓу нив има психички нестабилни, зависници, пациенти со анксиозно депресивни состојби, растројства, според претставничката на ХОПС, тоа не смееле да го прават.

Стигмата и дискриминацијата кон одредени групи на граѓани нема да ја унапреди безбедноста на лекарите и другите здравствени работници, реагираат од мрежата на граѓански организации. Во минатото имало случаи кога здравствените работници одбивале да им помогнат на пациенти поради нивниот ХИВ статус.

Минатата година за 100 проценти е зголемен бројот на претставки до Комисијата за дискриминација, а тоа покажува две работи: дека граѓаните и организациите знаат каде да се обратат и дека уште многу треба да се работи на оваа поле.

Најмногу дискриманција има во сферата на работни односи, социјалните мрежи и јавното информирање, тука се и електронските медиуми, дискриминација има и при пристап до добра и услуги.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски