Фудбал - СП Бразил 2014

Со сигурност ќе се прогласи нов Шампион!

19.06.2014 12:02

Се случи и тоа, втор фудбалски мундијал со ред, а севкупно 4-ти уште во првиот филтер бранителот на тронот да си ги пакува куферите за дoма...

Шпанија по вчерашниот уште еден болен пораз 2:0 овојпат од Чиле, ќе треба многу порано од нивните, а и нашите очекувања да си заминат дома. По декласирачкото збришување од финалните мундијалски должници од 2010-тата холанѓаните, синојќа делуваа немоќно и против разјарениот Чилe. Инаку, селекција за која во очи на мечот, Видал кажа тогаш навидум несромно, дека сакаат да ја нокаутираат Шпанија, но нивната цел не им е само да ги елиминираат шпанците, дојдени се по трофеј. Од друга страна беа инфериорниот тим на терен европскиот и сеуште до 13 јули светскиот шампион, кој без (барање причина за) оправдување, ама делуваат страшно уморно, па оттука и индиспонирано. Шокот и најавата за тоа што веројатно неминовно се наметнуваше како следствен епилог, беше во 20-тата минута кога Варгас ја сместува топката зад Касиљас. Не застанаа чилеанците, притискаа, напаѓаа за сето тоа резултира со уште еден гол во мрежата на шпанскиот капитен кој немоќен остана по втор и можеби последен пат на мундијалите да ја вади топката од сопствениот гол. Така барем глсеше изјавата по мечот, каде вели дека веројатно ова е за него последен мундо натпревар.

Чиле е сигурен 1/8 финалист, а исто така и Холандија, која пак колку делуваше моќно со шпанците, толку во грч со одличните Австралијците, кои прописно ги намачија до триумфот од 3:2. Поведоа холанѓаните со погодокот на Робен. Неполни две минути стоеше резултатот на семафорот до промената која доаѓа преку фантастичниот  погодок на Кејхил за 1:1. Полувремето го носи овој резултат, за по 10-тина минути во второто, пресвртот преку успешно изведен пенал на Јединак го прават Австралијците. Повторно куса радост за враќање по 4 минути пак на исто, Ван Перси за 2:2. Одличниот подег на холандскиот стратег Ван Гал со внесувањето на 20 годишниот Депај, покрај тоа што резултираше со асистенција на голот на Ван Перси, туку и самиот се зпиша во победничката конечна листата на срелци за Холандија 3. Депај, воедно е и најмладиот холандски играч кој дал гол на мундијал.

Единствени убедливи во вчерашниот ден, како за крај на истиот и смирување на адреналинската возбуда беа хрватите. Тие со сигурните 4:0 против Камерун останаа во игра за втор мундијалски круг. Голгетерите во хратскиот тим беа Олиќ уште по само 11 минути игра, за останатите три гола ги видиме распоредени во вториот дел. Перишиќ по 8 минути игра во него, па потоа на двапати прецизен се покажа Манџукиќ во 61-та, па 73-тата. Така остануваат отворени картите за продолжен престој во Бразил, во меч со директниот ривал за второто место во групата А, Мексико.

Денеска денот во Бразил ќе го рашараат со второ представување 4-те селекции од групата Ц, со вметнување меѓунив една од Д. Во 18 часот Колумбија-Брегот на Слоновата Коска го отвораат вторто коло во групата Ц.. Во 21 ги гледаме од Д, Уругвај и Англија, можеби во најатрактивниот меч во осмиот мундијалски ден. Второто појавување на терените во Бразил од Ц групата точно на полноќ ќе реализираат, Грција-Јапонија.