Стартува бесплатното возење за пензионерите и во недела

19.06.2014 12:06

Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија информираа дека пензионерите се среќни што освен трите дена кои ги имаат на располагање за бесплатно возење, сега ќе ја добијат и неделата...

Од 22 јуни -  недела, пензионерите ќе можат бесплатно да се возат со автобусите на ЈСП и во овој ден. Тоа значи дека освен вторник, петок и сабота, во кои досега пензионерите се возеа без да плаќаат, бесплатно ќе можат да се возат и во неделите. Ова е едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, која вети дека откако ќе биде формирана Владата, ќе го исполни.

Пензионерите се задоволни. Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија информираа дека пензионерите се среќни што освен трите дена кои ги имаат на располагање за бесплатно возење, сега ќе ја добијат и неделата.

На тој начин ќе се растоварат и автобусите, бидејќи пензионерите кои брзаа некои работи да ги завршат во овие три дена, сега тоа ќе можат да го направат во недела.