Источен регион

Помош на стари изнемоштени лица е најбарана услуга од програмата за „Општинско – корисна работа“

03.04.2024 14:45

Повеќе од една деценија се реализира програмата „Општинско – корисна работа“, која на невработените им овозможува едукација, а на социјално ранливите лица им обезбедува помош и услуги на дневна основа. Најмногу се бара асистенција за старите и изнемоштени лица, потоа за лицата со посебни потреби и жртвите на насилство ...

Населението старее, иселувањето не запира. Домови за стари нема, а потребата од помош и нега на стари и изнемоштени лица е сè поголема. Грижа за старите е најбараната услуга од програмата за општинско – корисна работа во источниот регион

Новите времиња наметнуваат и потреба од психосоцијална помош и за лица кои се соочуваат со разни видови на зависност, најповеќе од игрите на среќа.

Бенефит од општинско корисната работа имаат не само лицата од ранливите категории, туку и давателите на услуги од редот на невработените.

12 години програмата која ја реализираат УНДП, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика, до сега дала социјални услуги на локално ниво на над 80 илјади корисници во 60 општини, каде биле вклучени околу 5.000 даватели на услуги.

 

Славица Величковска