Македонија

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, предметот вратен на повторно судење

03.04.2024 15:00

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во делот за кривичните дела Измама и Перење пари, каде што првостепено осуден беа осудени Бојан Јовановски и уште две лица, соопштија од судот...

Скопскиот апелациски суд ја укина пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“ и предметот го врати на повторно одлучување. Во соопштението објавено на веб страницата судот објаснува дека се уважени жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски и неговиот татко, како и на Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска, а потврдена е ослободителната пресуда за Фросина Ременски. Судот утврдил дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото за кое таа се товареше.

Во предметот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски е обвинет дека преку невладината организација измамил бизнисмени од кои зел пари за изградба на старечки домови и мобилни сервиси.