ДИК

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори

03.04.2024 15:03

Заврши поднесувањето на кандидатурите. ДИК ја има конечната бројка. Заклучно со 2-ри април 2024-та, до 24 часот, пристигнати се вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори. Избирачкиот список е заклучен…

Во предвидениот рок за поднесување, до ДИК поднесени се вкупно 17 пратенички листи. Пет коалиции, 11 партии и една независна листа. ДИК ќе ги проверува листите и дали предложените кандидати за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот. А, подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за фер и демократски изборен процес.

И претседателските кандидати го потпишаа кодексот за фер и демократски изборен процес, за коректност во кампањата. Од седуммината, само Стевче Јакимовски не стави потпис бидејќи е незадоволен од распределбата на пари и немањето дебати меѓу кандидатите.

Избирачкиот список веќе е заклучен. Во него за парламентарните избори запишани се 1.815.350 избирачи, додека за претседателските избори, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Миле Ристески