Македонија

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

03.04.2024 15:25

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. ССМ најавува протести ако Уставниот суд дозволи на Коридорот 10 работниците да работат 60 часа неделно...

Уставен нема да поведе постапка за работните часови за американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Не е прифатена иницијативата на Синдикатите и другите чинители, кои бараа работниците да не работат повеќе од што треба. Според Уставниот суд, неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа.

Работниците во Македонија, најостро го осудуваат чинот со кој се забетонираа работничките права, особено правото на пристојно работно време и достоинствената работа, но очигледно дека во Македонија одамна нема достоинство и пристојност.

ССМ најавува протести ако Уставниот суд дозволи на Коридорот 10 работниците да работат 60 часа неделно.

Во однос на наводите за евентуално нарушување безбедноста и здравјето при работа на работниците, Уставниот суд нема надлежност да се впушта во расправа, оти тие односи меѓу работникот и газдата се уредени со договор за работа, а должност е на Државниот инспекторат за труд да проверува дали тие права и обврски се почитуваат.

 

Борис Грујоски