Голема е веројатноста малата Данка да е на објавеното видео, соопшти виенската полиција
Австриската полиција го објави видеото кое е снимено на трамвајската станица во Виена, за кое се верува дека ја покажува малата Данка Илиќ која исчезна кај Бор, Србија...

Австриската полиција го објави видеото кое е снимено на трамвајската станица во Виена, за кое се верува дека ја покажува малата Данка Илиќ која исчезна кај Бор, Србија.
Властите во Виена соопштија дека голема е веројатноста малата Данка да е детето од објавеното видео. Виенската полиција бара апсење по налог на Јавното обвинителство. Се апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени, фотографирани со девојчето, веднаш да се обратат во полиција.
Двегодишната Данка исчезна на 26-ти март во близина до Бањско поле и оттогаш по неа се води интензивна потрага. Интерпол пред неколку дена распиша жолта потерница.
