Свет
Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Чиле
03.04.2024 20:29
Како што јави агенцијата Тас, епицентарот бил на длабочина од 32 километри...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Во соопштението за медиумите се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југоисточно од градот Консепсион, каде живеат околу 215.000 луѓе.
Како што јави агенцијата Тас, епицентарот бил на длабочина од 32 километри.
Нема информации за жртви или причинета материјална штета.
