Претседателски избори

Кандидатите со први митинзи и средби со граѓани

04.04.2024 08:28

ВМРО-ДПМНЕ вечер пред Владата ќе одржи митинг, на кој ќе говорат кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски...

Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува со централен митинг во Прилеп. Претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани и Крушево. ВМРО-ДПМНЕ вечер пред Владата ќе одржи митинг, на кој ќе говорат кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи најави прес пред вила „Водно“, а Билјана Ванковска и Левица ќе се претстават пред струмичани. Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево.