Кривичен Суд

Денеска пресуда за грабнувањето на Самоил Костадиновски

04.04.2024 08:38

Обвинети се две лица. Постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и апсење. Според обвинителот Дарко Петревски, изведените докази потврдиле оти Виктор Милановски и Саша Челичиќ го сториле кривичното дело...

Денеска напладне во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за грабнувањето на Самуил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Обвинети се две лица. Постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и апсење. Според обвинителот Дарко Петревски, изведените докази потврдиле оти Виктор Милановски и Саша Челичиќ го сториле кривичното дело. Побара судот да ги прогласи за виновни.

Одбраната пак, го тврди спротивното. Побара ослободителна пресуда. И двајцата обвинети негираа вина. Според Обвинителство, на 3-ти март првообвинетиот, заедно со лицето кое е во бегство и со други непознати лица го грабнале Самуил, со закана дека ќе го убијат ако не плати за претходно украдена дрога од 4 килограми.

Костадиновски повеќе од една година се води за исчезнат.