Брисел
Нова рунда разговори Белград-Приштина
04.04.2024 08:52
Во Брисел нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина по одлуката за укинување на динарот на Косово...

Во Брисел нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина по одлуката за укинување на динарот на Косово. Се надевам дека „преостанатите разлики“ ќе бидат надминати-напиша на фејсбук, специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак. Оцени дека претходната средба на главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими на 25 март била конструктивна.
Во истовреме, во Брисел се одржува и дводневен Самит по повод 75-годишнината од постоењето на НАТО. Министрите за надворешни работи на 32-те земји-членки на Алијансата разгледуваат начини да и дадат помош на Украина на долгорочна основа.
