Јапонија
Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди Јапонија
04.04.2024 08:54
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време.
Потресот се почувствуван во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
