Ганц: Изборите ќе ја обноват довербата во Владата
Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц го повика премиерот Нетанјаху да се согласи на предвремени избори годинава...

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц го повика премиерот Нетанјаху да се согласи на предвремени избори годинава, додека притисокот на меѓународната заедница станува се посилен, а незадоволните граѓани го излеваат својот бес на улиците во Тел Авив. Рече дека само така ќе се обнови вербата на јавноста во владата.
„Одредувањето на таков датум ќе ни овозможи да продолжиме со нашите воени напори додека им сигнализираме на граѓаните на Израел дека сакаме да ја вратиме нивната доверба во нас“, изјави Бени Ганц, министер на воениот кабинет на Израел.
Хуманитарната ситуација во Газа станува се покритична откако бродот со помош се врати кон Кипар по одлуката на Светската организација за храна да ги суспендира активностите во регионот по загинувањето на хуманитарните работници во воздушен напад. Светските лидери бараат одговори и итна истрага за како што го нарече Израел, несреќниот случај.
