Голема кашлица

Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок за состојбата со големата кашлица

04.04.2024 09:01

Во Скопје и во Куманово, епидемија на голема кашлица, во Тетово има 13 регистрирани случаи на пертусис. Здравствени власти велат дека будно ја следат состојбата...

Во Скопје и во Куманово, епидемија на голема кашлица, во Тетово има 13 регистрирани случаи на пертусис, а заразени се пријавени уште во десетина општини. Дали ќе има нови мерки и препораки, ќе одлучи Комисијата за заразни болести, која според информациите денеска ќе има состанок.

Здравствени власти велат дека будно ја следат состојбата. Кумановскиот Центар за јавно здравје, прогласи епидемија завчера со 23 регистрирани случаи, во Скопје пак, епидемија беше прогласена пред два месеца, а бројот на заразени стигна до 315, од нив најголем број се бебиња. Здравствените власти апелираат на имунизација со Ди-Те-Пер.

Епидемиолозите стравуваат и од појава на морбили кои ги има во соседството, а во земјава е голем бројот на невакцинирани со МРП.