Меѓународен притисок врз Израел
Бени Ганц го повика премиерот Нетанјаху да се согласи на предвремени избори годинава, додека притисокот на Меѓународната заедница станува се посилен, а незадоволните граѓани го излеваат својот бес на улиците во Тел Авив...

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц го повика премиерот Нетанјаху да се согласи на предвремени избори годинава, додека притисокот на Меѓународната заедница станува се посилен, а незадоволните граѓани го излеваат својот бес на улиците во Тел Авив.
„Одредувањето на таков датум ќе ни овозможи да продолжиме со нашите воени напори додека им сигнализирале на граѓаните на Израел дека сакаме да ја вратиме нивната доверба во нас“, изјави Бени Ганц – министер на воениот кабинет на Израел.
Телата на хуманитарците кои загинаа во воздушен напад во Газа, кој Израел го оцени како тешка грешка, се пренесени во Египет. Светската централна кујна и лидерите, бараат одговорност и независна истрага.
„Ова таргетирање е шокантно злосторство и кршење на меѓународните закони и хуманитарни норми“, изјави Мохамед Бин Абдулрахман Ал Тани – премиер на Катар.
„Бараме подетално појаснување имајќи предвид дека израелската влада знаела за акцијата и маршрутата на оваа организација во газа“, изјави Педро Санчез – премиер на Шпанија.
„Сакам транспарентност и сите наоди да бидат јавно објавени за да дознаеме како точно можело тоа да се случи“, изјави Ентони Албанес – премиер на Австралија.
Израел, одговорноста, за како што го нарече, несреќниот случај ја префрла на војниците.
„Она што треба да го разбереме е дека постојат многу јасни правила и прописи. Војниците треба да се придржуваат до нив, а кога не го прават тоа, тие се одговорни за своите постапки“, изјави потполковник лернер – портпарол на израелските одбранбени сили.
Сојузникот САД повторно со остри критики кон Израел.
„Хуманитарните работници и сите цивили на теренот мора да бидат заштитени, тоа е нешто што постојано им го кажуваме во изминатите неколку месеци“, изјави Метју Милер – портпарол на Стејт департментот.
Хуманитарната ситуација во Газа станува се покритична откако бродот со помош се врати кон Кипар по одлуката на организацијата на Светската централна кујна да ги суспендира активностите во регионот по загинувањето на хуманитарните работници. Операциите ги паузираат и другите добротворни организации.
Бојана Крстевски
