Македонските ракометарки се пласираа на Европското првенство
04.04.2024 09:28
Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во македонскиот табор во триумфот над Азербејџан.
Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако вчера го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5.
Ова за нив е трета победа во петтиот квалификациски дуел со која се зацврстија на второто место на кое и ќе го завршат квалификацискиот циклус доколку Литванија вечерва загуби на гостувањето од фаворитот Шпанија.
Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во македонскиот табор во триумфот над Азербејџан.
Европското првенство ќе се одржи во декември во Австрија, Швајцарија и Унгарија.
Фото: РФМ
